Бројни се теориите на заговор во врска со смртта на познатите ѕвезди, а најчести се оние поврани со музичарите Курт Кобејн и Мајкл Џексон. Веднаш зад нив доаѓаат и шпекулациите дека Тупак Шакур е жив.
Токму теоријата дека Тупак е жив повторно почна со брзина на светлината на социјалните мрежи.
Интернет-порталот Репортез објави фотографија на која наводно Тупак ужива со пејачката Ријана на Куба. Според нив, пејачот, кој денес би имал 44 години, се криел од јавноста цели 19 години.
„Репортез“ самите себе се опишуваат како страница која објавува вести и забавни содржини и велат дека секоја нивна приказна се темели на вистината само што фактите се малку изменети – што и да им значи тоа. Според нивната вест, Тупак не е убиен и цело време се криел, пренесува „Мирор“.
Потсетуваме, Тупак Шакур починал на 13 септември 1996 година во болница во Лос Аџелес. Пред да биде хоспитализиран врз музичарот бил извршен атентат, а им подлегнал на раните по седум дена поминати во тешка кома.
Ниту ден-денес не се познати извршителите на атентатот. Атентатот бил извршен по боксерски меч помеѓу Мајк Тајсон и Брус Шелдон. Полицаецот Крис Карол, кој бил во патрола во Лас Вегас на тој кобен 7 септември, тврди дека ги слушнал последните зборови на славниот рапер „Еб*ете се“.
Од тој ден постојат луѓе кои се занимаваат со собирање докази со кои тврдат дека Тупак е жив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Пронајдена една од двете црни кутии, по авионската несреќа на Куба
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал