| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината за вонбрачниот син ќе излезе на виделина-се огласи и сопругата на Мирослав Илиќ

миро

Гордана Илиќ, сопруга на Мирослав Илиќ, тврди дека таа и сопругот нема потреба да се бранат, бидејќи веруваат во Божја правда и дека целата ситуација наскоро ќе се разјасни, бидејќи непризнаениот син на Мирослав, Девин Антоновиќ со мајката Мирјана одлучи преку суд да бара ДНК анализа заради утврдување на татковство.

 -Ни Мирослав ни јас немаме што да коментираме!Немаме од што да се браниме. Се ќе дојде на свое.Правдата е бавна но достижна-изјавила Гордана.
За разлика од неа Мирослав не сака ништо да коментира во врска со ова.
миро2
И додека во домот на Илиќ владее медиумска тишина, бившата љубовница на славејот од Мрчајевци, Мирјана најавува тужба. Неа ја изнервирале изјавите на Владо Перовиќ, кој рече дека се сомнева дека Девин е син на Мирослав, бидејќи Мирјана била фан на многу пејачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top