| четврток, 6 декември 2018 |

Француските дедовци и одржаа лекција на Хрватска

hrv fraФранција покажа зошто е апсолутен владетел во ракометот. Хрватите делуваа немоќно пред цврстата одбрана на „триколорите“. Натпревар за освестување и за реален приказ на состојбите во селекциите на двете земји.

Нападот на Франција имаше потполна доминација на теренот. Алиловиќ имаше очајни 15 минути без ниту една интервенција, а ни Стевановиќ не можеше да направи ништо. На спротвината страна Омејер фати шест топки и тоа ја направи разлика во првиот дел. Никола Карабатиќ повторно ја предводеше Франција до висока предност од 16-10 по првиот дел.

Francija HrvatskaАбало и Лука Карабатиќ го зголемија водството на Франција, а брзоплетите напади и желбата да се вратат во игра ја чинеше Хрватска резултатски дебакл. По 35 минути игра Франција имаше предност од 19-10. Највисоката предност Франција ја имаше во 38-та минута (23-12).

Хрватите се доближија на седум голови во 57 минута (30-23). По шеесет минути на семафорот остана забележан резултатот 32-24.

Најпрецизен меѓу победниците беше Абало со шест погодоци, додека Гигу го следеше со пет. И на овој дуел блескаше Омејер кој заврши со 14 одбрани и еден гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top