| четврток, 6 декември 2018 |

Невремето во САД зеде 9 животи (во живо)

sneg sadНајмалку девет лица загинаа во САД поради силната снежна бура која го погоди поголемиот дел од источното крајбрежје, а се очекува таа да трае до утре изутрина. Официјални претставници предупредуваат дека најлошото допрва се очекува.

Бурата од вчера беснее над јужните и источните делови на САД, загрозувајќи 85 милиони луѓе, поради што 10 држави прогласија вонредна состојба.

Шест од жртвите се во Северна Каролина, двајца во Вирџинија и еден во Кентаки.

Речиси 133.000 граѓани во југоисточниот дел на САД останале без електрична енергија, а вчера и денеска се откажани 8.835 авионски летови.

Директорот на метеоролошката служба Луис Учелини изјави дека снежните врнежи, за кои се очекува да траат до утре, лесно можат да предизвикаат штета во износ од една милијарда долари и да ја парализираат источната третина од земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top