Бившиот агент 007, Пирс Броснан, изјави дека црномурниот актер Колин Салмон би бил извонреден кандидат за добивање на дозволата за убивање.
Броснан го предложил својот колега во едно интервју во кое го запрашале кого би сакал да го види следно во улогата на култниот Џемс Бонд.
Салмон веќе има играно покрај Броснан во три филма за Бонд, „Утрешнината никогаш не умира“, „Светот не е доволен“ и „Да се умре друг ден“, во улогата на Чарлс Робинсон, заменик-шеф на МИ6.
Тој, исто така, потенцирал дека не треба да се брза со менување на сегашниот Бондовец, Даниел Крег, бидејќи тој е и повеќе од одличен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.