| четврток, 6 декември 2018 |

На „црниот петок“ Американците потрошиле над 10 милијарди долари

blek

За време на овогодишниот „црн петок“, со кој традиционално почнува сезоната на предбожиќни попусти во САД, Американците поторшиле над 10 милијарди долари, јави ТАСС.

Според податоците на агенцијата „Шопер трак“, во петокот во продавниците ширум САД биле купени стоки на попуст во инозс од околу 10,4 милијарди долари, што е за 10 отсто помалку во споредба со ланскиот „црн петок“. Во оваа сума не се вклучени податоците од интернет продажбата која достигнала 2,7 милијарди долари, што е за 14,3 отсто повеќе во однос на лани.

Ваквите податоци, според агенцијата, се доказ дека Американците се повеќе се решваат за онлајн набавки, наместо на традицоонален начин. Големите попусти еден месец пред Божик се традиција во САД уште од 19­от век, но годинава многу продавници решија да не го чекаат „црниот петок“ и ги намалија цените на своите поризводи некоклу дена претходно. Називот „црн петок“ води потекло од Филаделфија, чии жители биле револтирани од метежот во сообраќајот и по улиците на првиот ден од сезоната на попусти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top