| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Со интензивна комуникација меѓу Владата и ДИК ќе направиме услови за реализирање на изборите на 24 април

Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денес одржа работна средба со претставници на ДИК, на која присуствуваа и министрите.

emil-dimitriev

 

Димитриев порача дека на вакви средби проблемите може да се решаваат на самото место.

vlada-na-rm

-Јас сум убеден дека преку една поинтензивна комуникација меѓу Владата и ДИК ќе направиме услови за реализирање на изборите на 24 април. Претпочитам комуникацијата да ја водиме преку вакви средби, сметам дека преку оваа форма ќе имаме најдобра можност и начин да ги решаваме проблемите. Самата природа на проблемите не е таква да не можат да бидат решени. Верувам во капацитетот на моите соработници, а знам дека и вие сте на линија да направиме максимум за изборите да бидат организирани на еден фер и демократски начин – рече Димитриев на средбата со претставници на ДИК.

dik-vo-vlada-2

Тој потенцира дека има неколку предлози и размислувања за тоа како да се менаџира овој процес.

dik-vo-vlada-5

-Сега формално, како Влада задолжена да спроведување на изборите, имаме право комуникацијата со институциите задолжени за организирање на изборите да ја подигнеме на повисоко ниво. Размислувам сите активности со кои Владата може да помогне, да ги ставиме на хартија, како еден документ кој што може да биде прва предточка на секоја седница на Влада, со тоа ќе добие и на динамика – рече Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top