Атрактивната пејачка Ана Николиќ конечно има ново момче и тоа 11 години помлад.
Имено, Ана се обидувала да ја скрие оваа романса но медиумите обелоденија дека пејачката е веќе два месеци во врска со раперот Стеан Ѓуриќ, познат како Раста.
На очигледно и досади да се забавува со контроверзни бизнисмени кои се постари од неа, па решила да тргне по стапките на Цеца, Сузе и Северина и да се префрли на „пилешко“.
-Ана и Раста се знаат подолг период но дури во ноември почнаа да се забавуваат. Никој не би кажал на прв поглед но неверојатно е колку тие двајца се слични и колку фантастично функционираат заедно. Сакаат да се шегуваат, да излегуваат и да пијат…Многу работи ги споија. Ана е премногу вљубена во Раста – кажал извор близок до раперот.
Тој додал дека пријателите на Ана се изненади од нејзината врска со Раста поради неговиот специфичен изглед, додека пријателите на раперот се незадоволни што нивниот другар станал „папучар“.
-Ние Раста не можеме да го препознаеме. Тој целосно се смен. Станал вистински „папачуар“ поради неа. Само таа му е во глава. Кога не се заедно тој само за неа зборува. Никогаш во ниту една девојка не бил вљубен како во Ана. Само два месеци се заедно, а веќе зборуваат за деца. Скроз полуделе – кажал пријателот на Раста. Тој тврди дека неговиот другар не се дели од Ана, а исто така Раста работел и на новите песни на неговата девојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.