Германските власти не можат прецизно да кажат каде завршиле повеќе од половината баратели на азил што минатата година влегле во земјата.
Портпаролот на германското Министероство за внатрешни работи Харалд Нојман одговарајќи на написите на британските медиуми вели дека по процесирањето на барањата за азил може да покаже дека дел од барателите не се во земјата и дека во некои случаи тие не останале во Германија, туку заминале во други земји на ЕУ.
Официјалната статистика вели дека во Германија минатата година биле регистрирани речиси 1,1 милион баратели на азил, а само околу 477 илјади досега ја поминале процедурата за регистрација и добивање на азил. Едно од објаснувањата за големата разлика меѓу регистрираните баратели на азил и оние со стекнат статус на бегалци е повеќекратното барање за азил на дел од мигрантите. Дел од нив незадоволни од резултатите на „Системот за првично распоредување на барателите на азил“ се регистрираат по неколку пати на различни локации со надеж дека ќе заминат во некој од поголемите градови или во побогати покраини.
Според системот што го управува федералното Министерство за миграции и бегалци тие најчесто се упатуваат во региони каде што има намалување на населението и потреба од работна сила, а секоја покраина има однапред договорена квота за број на бегалци што треба да ги прими. Според овој систем во првичната регистрација бегалците се регистрираат со општи генералии и земја на потекло, по што тие се сместуваат и добиваат згрижување но дел од нив заминуваат на други локации каде што повторно се регистрираат на други локации каде што го поднесуваат барањето за азил.
Акцијата на полицијата во градот Мунстерланд каде што биле приведени 150 баратели на азил покажала дека многу од тие што тврделе дека се од Сирија всушност се од Северна Африка и дека секој втор од прведените најмалку два пати се пријавувал во системот за првично распоредување. Дел од испитаните баратели на азил имале по 4 5 лажни идентитети што може да ја објасни огромната разлика од речиси 600 илјади меѓу првично регистрираните баратели на азил и оние кои што ја минале целата процедура за добивање статус на бегалци во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.