| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП: Жичницата на Водно ја користеа 10.000 граѓани за 10 дена

Жичницата на Водно е особено популарна во зимскиот период, а поголемо доживување направи и снегот претходната недела. Сѐ повеќе граѓани ја користат жичницата за да стигнат до врвот на Водно. Оваа констатација се потврдува со фактот што само во првите десет дена од годинава од средно до врвот на Водно над 10 илјади граѓани стигнале токму со неа.

-Од први до седми јануари жичницата ја користеле вкупно 5.266 лица, додека до 10 јануари, вкупната посетеност била 10.311 лица. Во споредба со истиот период од лани бројот на посетители е зголемен речиси за двојно. Имено, во првите седум дена од 2015 година со жичницата се возеле вкупно 3.672 лица, додека до 10 јануари, лани посетеноста била точно 4.983 лица – информираат од ЈСП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top