Вонредната состојба во Франција ќе биде на сила сѐ додека не заврши целосната и глобална војна против Исламската држава, најави премиерот на земјата Мануел Валс.
Тој на Светскиот економски форум во Давос во интервју за „Би-Би-Си“ оцени дека бегалската криза во Европа довела „сериозен ризик“.
Валс истакнува дека Франција е во војна, што поразбира користење на сите демократски законски средства за заштита на францускиот народ.
На прашањето колку ќе трае вонредната состојба во земјата, Валс одговорил „колку што е неопходно“ истакнувајќи дека „не може цело време да се живее во вонредна состојба“.
– Сè додека постои закана, мораме да ги користиме сите средства – смета премиерот. СПоред него, вонредната состојба ќе биде на сила се додека не се ослободат од ИД која треба да се искорени во Африка, на Блискиот исток и во Азија.
Во борбата против терористите се соочуваме со тотална и глобална војна. Војната која ја водиме исто така мора да биде тотална и глобална, оценил премиерот на Франција.
Европа од друга страна не може да ги прифати сите бегалци кои бегаат од ужасите во Ирак и Сирија, порачал тој.
– Во спротивно нашето општество ќе биде целосно уништено. Ако Европа не е способна да ги заштити сопствените граници самата идеја за Европа се доведува во прашање – истакнал Валс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.