Крилото на Македонија, Дејан Манасков беше најефикасен во нашата репрезентација и во вечерашниот пораз од Хрватска тој постигна седум погодоци.
– Влеговме лошо во натпреварот, Хрватска е успешна репрезентација и тоа знаеше како да го искористи. Отворија со 7-1 уште во првите десет минути, одлично не затворија и се беше јасно. Можам да им честитам на победата. Добро ќе ни дојдат овие неколку денови одмор, да ги одмориме и оладиме главите, да се сконцентрираме и на следните два натпревари да дојдеме до две победи – изјави Манасков за „МТВ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.