Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров по подолг период не успеа да постигне ниту еден гол за Македонија на големите натпреварувања.
Имаше четири обиди, ниту еден гол, по што воопшто и не играше во вториот дел. По крајот на средбата истакна дека победникот бил решен уште во првите 7-8 минути.
– Заслужена победа на Хрватска. Знаевме дека Хрватска ќе се обиде да не претрча, ние посакувавме да бидеме во егал до 45-50 минута, но дуелот го изгубивме уште во првите 7-8 минути. Започнавме со 2-3 измени, но тие трчаа брз центар, имавме технички грешки, кои веднаш беа казнети. Пред дуелот имаше огромна мотивација и желба, па нема да му забележам никому. Да се обидеме да ги добиеме следните два натпревари и да дојдеме до две победи, за да ги подобриме впечатокот – изјави Лазаров за МТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.