Вечерва, 21 јануари, во 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ ќе биде отворена изложба на слики од колекцијата на Раде Силјан…
На изложбата се застапени дела од познатите македонски сликари: Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Павле Кузмановски, Константин Качев, Владо Георгиевски, Решат Амети, Симон Шемов, Новица Трајковски, Стефан Хаџи Николов, Ниче Василев, Димитар Малиданов, Драги Хаџи Николов-Аџи, Владимир Темков, Павле Кузмановски, Ацо Филиповски, Паскал Гилевски, Боро Митриќески, Илија Аџиевски, Драган Аврамовски Гуте и Миле Корубин.
Изложбата ќе ја отвори Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.