Драмата за преживување во дивината на Алехандро Ињариту, која освои најмногу, вкупно 12 номинации за „Оскар“, премиерно ќе биде прикажана вечерва, 21 јануари, во киното „Синеплекс“…
Исклучително амбициозниот проект, во кој играат Леонардо ди Каприо и Том Харди, беше снимен во далечните области на Канада и на Аргентина. Ињариту и директорот на фотографија Емануел Лубек, кој беше награден со „Оскар“ за филмовите „Гравитација“ и „Човек-птица“, покрај тоа што инсистираа за време на снимањето да се користи само природната светлина, го снимија овој филм и во резолуција 4K.
„Повратник“ е возбудливо филмско ремек-дело што ја прикажува епската борба за опстанокот на еден човек и извонредната моќ на силата на човечкиот дух. Ловецот Хју (Леонардо ди Каприо) е тешко повреден и е оставен да умре длабоко во американската дивина од страна на неговите придружници, предводени од Џон Фицџералд (Том Харди). Опкружен со студени зими и непријателски племиња, предводен од својата силна волја како единствено оружје, тој се бори за својот живот, додека неговата желба за одмазда не стивнува.
Досега филмот доби 12 номинации за наградата „Оскар“: за најдобар филм, за најдобар режисер, за главен лик (ди Каприо) и најдобра споредна машка улога (Харди), за фотографија, за костими, за монтажа, за сценографија, за шминка, за визуелни ефекти, за монтажа на звук и за миксање на звук. Тој, исто така, освои и три награди „Златен глобус“, вклучувајќи награда за најдобар филм, за најдобар режисер и за најдобар актер. Критичарите го нарекуваат спектакл кој не треба да се пропушти во кината од 21 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
Погледнете како се пишува добар роман во „Работилница“


