Во тридимензионалното кино во Битола в среда, 27 јануари, со почеток во 20 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „Последниот Македонец – патот до истребувањето“…
Илија Пиперкоски е роден е во Охрид во 1985 година. Во 2010 магистрира на Националната академија за театар и кинематографија во Букурешт, Романија. Досега има режирано осум играни и документарни, кратки и долги филмови.
Пред почетокот на филмот ќе се прикажува краткиот филм „Долу од рајот“, кој е сниман на локации во Битола во режија на Саша Станишич. Улогите ги толкуваат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова Николова, Соња Ошавкова, Ханис Багашов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


