В сабота, 23 јануари, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе се одржи изведбата на операта „Змејовата невеста“ од македонскиот композитор Стојан Стојков. Ова национално дело е работено според истоимената драма на Димитар Г. Молеров. Режијата е на Дејан Пројковски, диригент е Бисера Чадловска.
Македонската опера и балет, после пауза од 10 години, постави национално дело од домашен автор (последно такво дело беше операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски во 2005 г.). Праизведбата на „Змејовата невеста“ беше на 07 февруари 2015 г. Главните улоги ќе ги толкуваат Катерина Стојановска (невестата) и Кристијан Антовски (змејот). Настапува бројна солистичка екипа, оркестарот, хорот, балетски солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.