Четврточната исповед, на сега веќе поранешната велосипедска легенда, Ленс Армстронг (41) во шоуто на Опра Винфри, во себе содржи многу лаги, јавува американската телевизијата АБЦ.
Од оваа телевизија ги консултирале експертите запознати со случајот на Армстронг, кои им рекле дека познатиот велосипедист земал недозволени средства се до 2010 година, а не само до 2005, како што рекол Ленс во шоуто.
Експертите рекле дека Армстронг земал дроги за да ја зголеми својата сила, како и трансфузии на крв збогатени со кислород.
Ленс Армстронг цела деценија доминираше во велосипедизмот, а освои дури 7 титули на познатата Тур д Франс. Тој уште пред пет години беше обвинет дека зема дрога. Ваквите обвинувања жолчно ги демантираше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


