Американската актерка Опра Винфри објави „нов ден“ за жените и девојките кои биле подложени на сексуално малтретирање од влијателни мажи во силен говор на церемонијата на доделувањето на Златен глобус. 63-годиишната Винфри, чие претходно ток-шоу го отвори патот на исповед на телевизија и ја направи милијардерка, ја фокусираше изјавата на родовата еднаквост, сиромаштијата и расизмот при примањето на наградата „Златен глобус“ за животно дело.
Винфри го поздрави движењето #MeToo кое доби на интензитет по откритието за однесувањето на филмскиот магнат Харви Вајнштајн. Опра оддаде почит и на Риси Тејлор – афроамериканка која во 1994 соопшти дека е жртва на групно силување од шестмина бели мажи во Алабама и почина минатиот месец на 97 години, откако изрази жалење од „културата, разбиена од брутално влијателни мажи“.
– Премногу долго жените не беа слушани или не им веруваа, ако се осмелуваат да ја кажат вистината за овие мажи. Но нивното време дојде! Времето им дојде! – рече Винфри, откако доби аплауз од присутните, а кај некои можеше да се забележат и насолзени очи.
– Затоа сакам сите девојки кои не гледаат сега, да знаат дека на хоризонтот се појавува нов ден. И кога овој нов ден конечно ќе дојде, тоа ќе биде благодарение на многу прекрасни жени, од кои многу се во салата вечерва, и некои премногу ексклузивни мажи кои се борат напорно за да станат лидери кои ќе не одведат во време кога никој нема да мора да каже „и јас исто“ (MeToo) – рече Винфри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.