| четврток, 6 декември 2018 |

„Антолог“ го објави „Зуење во главата“ на словенечкиот писател Драго Јанчар

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Зуење во главата“ од словенечкиот писател Драго Јанчар. Со голема раскажувачка сувереност, Драго Јанчар ги поврзува драматичните настани на побуната на затворениците во поранешна Југославија со историјата на востанието од Масада во Јудеја. Преводот на македонски јазик е на Лидија Аризанковска.

d7b44c00-afe5-418b-bb7c-9b74a20bf125

Затворениците од затворот Ливада во поранешна Југославија успеваат да се изборат за согласност да го гледаат преносот од финалниот кошаркарски натпревар меѓу Југославија и САД летото 1975 година. Но чуварот ги прекинува во тоа и го навлекува гневот врз себе. Затворениците почнуваат штрајк и заземаат голем дел од затворот. Сè почнува како анархија, но потоа водачот на немирите, Кербер, заедно со уште еден затвореник, решава да направи систем на затворско самоуправување, со цел да предизвикаат реформи во државата. Но, за тоа време, и полицијата се подготвува за упад во зградата. Косценарист на истоимениот филм снимен според овој роман е и драмскиот автор Дејан Дуковски. Книгата е објавена со поддршка на фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечките писатели и на Јавната агенција за книги.

Драго Јанчар (1948) е еден од најзначајните словенечки писатели. Студирал право, а потоа работел како новинар. Поради книжевниот отпор против комунистичкиот режим во поранешна Југославија, извесно време поминал во затвор. Има објавено повеќе збирки раскази и романи, како и едни од најдобрите словенечки театарски пиеси.Познат е по своите политички коментари и граѓанска активност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top