| четврток, 6 декември 2018 |

Кетрин Ештон денеска во посета на Македонија

Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, попладне пристигнува во посета на Македонија.

Посетата на Ештон се совпаѓа со презентирањето на пролетниот извештај за Македонија од страна на еврокомесарот Штефан Филе пред Европарламентот, од кој зависи дали земјата ќе добие датум за преговори на самитот на Европскиот совет во јуни. Се очекува таа во Скопје да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со претседателот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски.

Делегацијата на ЕУ во Скопје информира дека Ештон во 19.15 часот ќе има прес-конференција во Инфоцентарот на ЕУ. Други детали за разговорите во Скопје не се соопштуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top