Ако до 22 април Србија и Косово не потпишат договор под посредство на ЕУ и високата претставничка Кетрин Ештон, САД ќе одредат нивни претставник што ќе го преземе водењето на дијалогот, објави српски „Курир“. Информацијата на „Курир“ не е официјално потврдена од српските власти, но неофицијално не исклучуваат таква можност.
– Американската администрација и досега беше вклучена во бриселските преговори. Речиси е извесно дека новиот преговарач од САД ќе биде на повисоко ниво во американската администрација. Тоа би можело да биде наследник на сегашниот помошник на државниот секретар Филип Гордон. Засега се споменува дека е жена, но не и нејзиното име – вели неименуван извор за „Курир“.
Премиерот Ивица Дачиќ вели дека директните разговори меѓу Белград и Приштина би биле подобра опција затоа што Србите и Албанците имаат заеднички интереси, но на некои меѓународни претставници тоа не им се допаѓа.
– Таа идеја не им одговара на одредени странски сили кои се скептични од можноста да не знаат што ќе договориме меѓу себе – вели Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


