| четврток, 6 декември 2018 |

Започна снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата”

Продуцентската куќа „Круг филм“ соопшти дека во тек е снимањето на краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“, во режија на Ана Јакимска, а по сценарио на Бранко Костески.

837667a4-f1a4-45d6-bf26-c5d7e3b8dcdf

Наташа Петровиќ е дел од актерската екипа

 

Снимањето на филмот се одвива на повеќе локации во околината на Скопје и Битола.

,,Ќе дојдат децата” е краток игран филм со жанровска одредница-драма. Млада учителка пристигнува во едно планинско село за да ги учи децата, но единствениот човек што го среќава таму е старата служителка на училиштето. Додека учителката ги чека децата да дојдат во училиштето, таа открива поинакви животни тајни.

3828cdb4-7181-495c-a7d0-b3d08697423e

Актерската екипа ја сочинуваат Наташа Петровиќ, Шенка Кољозова и Владимир Петков. Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Милена Атанасова, шминка Ѓулфери Качаревиќ, а продуценти се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, а се реализира во соработка со Факултетот за драмски уметности од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top