Почна снимањето на новиот краток игран филм на „Лавиринт Продукција“ со работен наслов „Несигурна смрт“. Сценариото и режијата се на Петар Џуровски, а директор на фотографија е Горан Наумовски.
Улогите се на Драгана Костадиновска, Димитар Ѓоргиоски, Дејан Лилиќ, Владимир Тулиев и Игор Доневски. Филмот ќе се снима на неколку локации во Скопје во наредните десетина дена.
Кратката играна форма е голем уметнички предизвик пред сè заради лимитираното време за израз кое бара особена режисерска вештина во начинот и стилот на филмската нарација.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.