| четврток, 6 декември 2018 |

Верниците во Берово го кршеа мразот со секири за да се фрли крстот (ВИДЕО)

Ниските температури во Берово ја замрзнаа водата на реката Брегалница, каде што требаше да се одржи церемонијата со фрлање на светиот крст.

berovo

Беровчани утрово мораа да се снаоѓаат за да го искршат мразот. Неколку упорни момчиња со скала, секира, па дури и голи раце успеаја на крај да го скршат мразот, по што следуваше традиционалното фрлање на крстот.

Од студените води на Брегалница во Берово, Светиот крст го извади средношколецот Ацо Андонов кој  живее во Групниот дом за деца без родители во Берово. Тој истакна дека се надева дека крстот ќе му донесе среќа и благослов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top