Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев испрати честитка до граѓаните по повод денешниот празник.
„Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Водици.
На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог-Создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни поврзани со облагородување на душата и прочистување на срцето. За оваа цел, Бог се јави и го испрати нашиот спасител Исус да се покрсти и да ни го покаже патот на благочестивоста и на искрената заедница со нашиот Бог.
Денес сите македонски води се богојавленски води, да празнуваме и да се радуваме на денот кога Бог не приближи кон себе и ни дари нов живот. Да си посакаме Божја благодет, мудрост, сила и поткрепа да правиме добри дела, да гледаме напред, да се сакаме и почитуваме, да и помогнеме на нашата земја да ги надмине сите препреки пред кои е исправена и да продолжи да чекори напред, силно и достоинствено, решително и одлучно, во интерес на подобриот живот на сите граѓани на Република Македонија.
Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник !
БОГ СЕ ЈАВИ !
НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емил Димитриев: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?
-
За оваа фотогафија од Богојавление говори цел регион
-
На денешниот празник сите одат по света вода, но грешат во една работа!
-
Димитриев: Доаѓаат локални избори, силно се подготвуваме и очекуваме нашата партија и овој пат да има одличен резултат