| четврток, 6 декември 2018 |

За оваа фотогафија од Богојавление говори цел регион

Три девојки, Тамара Чантрак (16), Тијана Крупеж (18) и Кристина Милутиновиќ (20) во Чачак, Србија скокнаа по крстот на Богојавление.

Како што пишуваат медиумите во Србија, овие девојки покажале неверојатна сила, волја и желба кога на температура од 10 степени во воздухот запливале во студената вода на Западна Морава. Во такви услови е многу потешко да се плива, отколку кога температура во воздухот e под нулата.

– Јас сум верник и едниствено ми беше важно на овој начин да се приближам до Бога. Доживеав неверојатен емотивен набој. Многу сум почестена што сум дел од ова специфично единство – изјави Тијана.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top