Педесет и четиригодишниот Миле Стојановски од тетовската населба Поток беше најуспешен од тројцата верници и го извади Светиот крст од базенот во дворот на соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ при денешното одбележување на празникот Богојавление – Водици во Тетово.
– По втор пат скокам по крстот и пред 10-ина години и сега успеав да го фатам и многу сум среќен поради тоа. Посакувам Господ да даде здравје, а на сите верници се најдобро, рече Стојановски.
Претходно митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи Света божествена архиерејска литургија и ги освети водите во базенот, а потоа беа пресечени кумските колачи.
Освен во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, празникот Водици се одбележува и во скоро сите села од Тетовско со фрлање на крстот во базените во црковните дворови и во реките што минуваат низ регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


