| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид крстот повторно кај Варошани: Петар Рупески го фати крстот во Охрид!

Утринава во Охрид во водите на езерото беше фрлен светиот крст во присуство на бројни гости од земјава и од странство. Најсреќен годинава во Охрид е Петар Рупески од Варош и со ова продолжува традицијата крстот најчесто да го фаќаат Варошани. Тој по втор пат е најсреќниот бидејќи и во 2014 година веќе го фатил крстот во Охрид.

Крстот во осветените води на Охридското Езеро го фрли владиката Јосиф, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија.

– Мошне сум среќен и јас, моите пријатели и моето семејство што го фатив крстот. Ова е вторпат како го фаќам крстот. Првиот пат тоа беше во 2005 година и навистина тогаш ми донесе многу среќа во животот. Посакувам секој да го фати крстот и да го доживее она што не можам да го опишам со зборови
, изјави Рупески.

Инаку, за празникот градот е полн со гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top