| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Продолжуваме силно фокусирани кон отворањето на нови работни места и намалување на невработеноста

Nov premier Emil Dimitriev nova vlada tehnicka (6) (Large)Продолжувањето на развојот на економијата, согласно започнатата динамика,  ќе остане значајна компонента, рече техничкиот премиер Емил Димитриев во своето обраќање. Заедно со економскиот тим на владата ќе продолжиме со политиката на привлекување на странски инвестиции и отворање на фабрики и капацитети, додаде тој, најавувајќи дека ќе продолжат и проектите во здравството, образованието, социјалната политика, земјоделството и во сите други сектори.

-Преодната влада ќе спроведува економски политики кои ќе го  продолжат растот на бруто домашниот производ согласно проекциите кои се направени, ќе бидеме внимателни и нема да дозволиме зголемување на надворешниот долг и тој треба да остане на ниво какво што е сега умерено низок и четврт најмал во европа, ќе дејствуваме да продолжи да расте позитивниот тренд на раст на индустриското приозиводство, раст на сите сектори, и особено битни ќе останеме цврсто посветени на политиките за отворање на нови работни места и продолжување на намалувањето на невработеноста согласно планираните цели- посочи Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top