| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев најави продолжување на развојот на економијата согласно започнатата динамика

економијаПродолжувањето на развојот на економијата, согласно започната динамика,  ќе остане значајна компонента, порача привремениот премиер за организирање на изборите, Емил Димитриев вечерва во Собранието на Република Македонија. Преодната влада, подвлече тој, ќе спроведува економски политики кои ќе го продолжат растот на бруто домашниот производ согласно проекциите кои се направени.

-Ќе бидеме внимателни и нема да дозволиме зголемување на надворешниот долг и тој треба да остане на ниво какво што е сега умерено низок и четврт најмал во Европа, ќе дејствуваме да продолжи да расте позитивниот тренд на раст на индустриското производство, раст на сите сектори, и особено битни ќе останеме цврсто посветени на политиките за отворање на нови работни места и продолжување на намалувањето на невработеноста согласно планираните цели- рече Димитриев.

-Заедно со економскиот тим на владата ќе продолжиме со политиката на привлекување на странски инвестиции и отворање на фабрики и капацитети- додаде Димитриев, кој се надоврза дека ќе продолжат и проектите во здравството, образованието, социјалната политика, земјоделството и во сите други сектори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top