Преодната влада која ќе ја предводам ќе го продолжи започнатото дејствување за реализација на изборен процес кој ќе биде ослободен од било какви дилеми за евентуални влијанија во изборниот процес. Наша задача е организација на избори кои ќе бидат фер и демократски, слободни и ефикасни, и ние таа цел ќе ја реализираме, посочи пред пратениците премиерот на преодната влада Емил Димитриев.
-Сите државни институции ќе дадат максимум подрршка на оваа основна цел. Сите институции ќе ја почитуваат дословно реализацијата на оваа цел, кадровски, структурно и на нивно на вредност од кој нема отстапување. Државните институции ќе дадат максимална подршка во средства, кадри, ресурси, материјали, и се што е означено и побарано како потреба на Државната изборна комисија за да може да работи согласно зацртаните цели. Потенцирам максимална кооператвност, соработка и подршка на ДИК. Ја охрабрувам ДИК во својата работа да дејствува непристрасно, ослободена од било каков притисок, принципиелно, државнички, согласно уставот и законите, и да биде движечката сила која ќе покаже лидерство во организација на изборен процес со кој ќе се гордееме како нација- посочи Димитриев.
Политичките партии, исто така треба да даваат максимална подршка на ДИК, но и исто така многу битно, да креираат амбиент кој ќе го поддржи организирањето на фер и демократски избори, додаде Димитриев.
-Државните и националните интереси на Република Македонија мора да бидат приоритет на политичкото дејствување на секој поединец, група или партија, и парцијалните интереси треба да бидат подредени на државните и националните. Граѓаните очекуваат од политичарите да покажат сенс за нивните потреби, а потребите кои се многубројни може да се сведат на приоритетна основа на организирање на избори во кои сите ќе имаат доверба, прекинување на оваа нелагодна ситуација и агонија, и обезбедување на соодветни, веродостојни и кредибилни услови граѓаните слободно, свесно, самосвесно да одлучат на кого ќе ја дадат довербата да управува со политичките процеси, и да обезбедат нов елан за напредок, за фокусирање и работа на темите кои се од значење на граѓаните и кои реално и суштински го подобруваат нивниот живот и живото на нивните семејства- оцени премиерто на преодната влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емил Димитриев: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?
-
Димитриев: Доаѓаат локални избори, силно се подготвуваме и очекуваме нашата партија и овој пат да има одличен резултат
-
Димитриев: Како и до сега, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на РМ
-
Димитриев: Историското наследство и делото на Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на Македонија и македонскиот народ


