| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Да се води преодната влада која ќе ги организира изборите е голема одговорност и голема чест

emil sobranieДа се прифати улогата на премиер кој ќе ја води преодната влада која ќе ги организира изборите е голема одговорност, но и голема чест, на која што безрезервно и пристапувам, посочи новоизбрание премиер на преодната влада, Емил Димитриев.

-Сакам да заблагодарам на премиерот Никола Груевски за водењњето на земјата, особено за менаџирањето на состојбите во изминатиот исклучително тежок период и од политички и од економски од безбедносен аспект, за неговата политика која не дозволи ескалација на состојбите и политика која што со мудри чекори придонесе земјата да се извлече од тензичната состојба и да обезбеди услови за напредок, како и за довербата која ми е дадена од него и од партијата да управувам со преодната влада, а која се надевам одлука ќе ја подржите и вие почитувани пратеници. Мудроста е значајна и карактерна карактеристика, но и значајна категорија која има рефлексија во секоја општетсвена група. Сите ние треба мудро да се однесуваме, и да дејствуваме во најдобар интерес на земјата и граѓаните. Патот кон успехот е резултат на правилен избор на одлуки- посочи Димитриев во вечерашното обраќање во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top