| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимоски: Ако работеше како што треба, за четири години, ДИК ќе го прочистеше избирачкиот список и на Кина

Ако работеше како што треба, за четири години,  ДИК  ќе го прочистеше избирачкиот список и на Кина, изјави денеска на прес конференција претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ изрази сомнеж за ефикасноста и начинот на работа, според кој функционира  оваа институција.

-Сакаме да прашаме дали Државната изборна комисија работи во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија, или работи за партиски интерес. ГРОМ прашува што работат членовите на ДИК за четири години, и зошто досега не е прочистен избирачкиот список. Овие членови земаат дебели плати од илјада и двеста евра, и дополнително после завршување на изборите си поделуваат уште дваесет илјади евра како трошоци за прекувремена работа – заклучи Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ ја повика Државната изборна комисија да се зафати со работа, и наместо да биде продолжена рака на партиите, да работи стручно и професионално во интерес на државата и нејзините граѓани, бидејќи и ДИК како институција  е битен фактор за излез од политичката криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top