| четврток, 6 декември 2018 |

Франција прогласи економска вонредна состојба

франција

Францускиот претседател Фрасоа Оланд прогласи економска вонредна состојба и изјави дека е време да се редефинира францускиот економски и социјален модел, објави „Фајненшл тајмс“

Тој предложи серија економски мерки во годишното обраќање пред бизнис-елитата, која би требало да го поттурне растот на француската економија, која веќе подолго време е во стагнација и помогне при намалувањето на хроничната невработеност.

Оланд ја нагласи итноста од унапредувањето на францускиот бизнис-модел, кој е насочен пријателски кон работната сила, согласно брзорастечката, високоглобализирана и онлајн-економија.

Мерките подразбираат скусување на одредени привилегии на вработените со цел компаниите да се охрабрат да вработуваат, како и обука за половина милион работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top