Францускиот претседател Франсоа Оланд прогласи економска вонредна состојба и изјави дека е време да се редефинира францускиот економски и социјален модел, јави „АП“.
Тој во годишното обраќање на деловните лидери предложи серија економски мерки кои би требало да го поттикнат растот на француската економија која е долго време во стагнација и да ја намали хроничната невработеност.
Првите мерки што ги предложи се прилично воздржани, а навел дека не треба да се доведува во прашање работната недела од 35 часа. Оланд не барал преземање на никакви вонредни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.