Драмската претстава „Неверство“, во режија на Влатко Павлески и во продукција на „Прима данца“, вечер ќе биде изведена на малата сцена на Македонската опера и балет.
Во претставата играат Предраг Павловски, Катарина Илиевска Силјановска, Самоил Стојановски, Илија Карадакоски, Симона Веселиновска и Слободан Трајковски.
Преку изведбата на актерите и танчарите се пренесени ситуациите и емоциите што ги плете магичниот триаголник во кој се наоѓаат и од кој никој нема корист. Пораката е дека среќата била составен дел од нивните животи во моментите само кога си биле верни на себе.
Драмата е реализирана во девет сцени, кои речиси апсурдно се презентирани во обратен временски редослед. Во претставата се присутни и танцови настапи на професионални танчари од „Прима данца“. Режисерот Влатко Павлески вешто вметнува танцови кореографии на пасо добле, англиски валцер, танго и румба, како израз на скриените емотивни состојби и потсвеста на ликовите.
„Неверство“ претставува практичен дел од магистерскиот труд на Павлески на модулот театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје, под менторство на професорот Слободан Унковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.