| четврток, 6 декември 2018 |

Шмал: Македонија има подобра и поискусна екипа од Србија

Полскиот голман Славомир Шмал по мечот со Македонија направи споредба на македонската и на српската репрезентација, двата противници кои Полска ги победи во првите два натпревари на ова европско првенство, пишува порталот „Екипа“.

-Србија и Македонија играат различно, Србите имаат подобра бековска линија, но според мене Македонија има подобра и поискусна екипа,изјави голманот Шмал.

Во однос на денешниот натпревар, Шмал отцени дека решавачката предност Полска ја направила со трпелива игра во вториот дел.

-Одбранетите пенали во второто полувреме беа многу важни бидејќи Македонија одигра одличен меч и ни создаде големи проблеми. Тие одиграа дисциплинирано, но ние не бевме нервозни, трпеливо ја чекавме шансата и ја искористивме во второто полувреме, рече Славомир Шмал.

Задоволен од победата, но не и комплетно од играта на својата репрезентација посебно во првиот дел.

-Мора да играме 60 минути, ниту минута помалку. Тоа е единствениот начин да се победи. Среќен сум што победивме, мило ми е за нашите фантастични фанови, кои ни дадоа огромна поддршка уште од моментот кога се најдовме во негатива. Во првото полувреме имавме проблем со одбраната, но во вториот дел заигравме многу подобро и успеавме да постигнеме значајни погодоци против одличниот голман на Македонија. Што да кажам за крајот… моравме да играме поконцентрирано, но верувам дека ќе ја извлечеме поуката и на следниот меч нема да ги повториме грешките, изјави селекторот Биглер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top