Туристичката агенција која остана запаметена по енормно ниските цени на аранжманите, но и по извисување на своите клиенти, повторно на тапет. Откако патниците од една нивна тура во Истанбул останаа заложници во хотелот во кој небеа подмирени долговите на агенцијата тие се соочија со инспекции и извесен период не работеше агенцијата, но повторно почнаа со работа. Овојпат 80 лица во Банско не можат да се сместат и пишуваат на „Фејсбук“ дека 6 часа не можат според зделката на „Јупитер“ да ги изнајмат своите соби за кои платиле.

-На вашата зделка, денес повеќе од 6 часа во Банско повеќе од 80 луѓе неможат да се сместат, Водичот од страна на Јупитер е фатен како ги изнесува пасошите во црна вреќа на петходната група туристи, во иднина пред да продавате нешто проверете го квалитетот на услугата. Сите што сме овде ќе ве тужиме вас и Јупитер, напиша Ивана Дервишова на „Фејсбук“, која се закани со тужби и до туристичката агенција „Јупитер“ и до „Групер“ кои соработуваат со нив за попустите на аранжманите.
На вашата зделка, денес повеќе од 6 часа во Банско повеќе од 80 луѓе неможат да се сместат, Водичот од страна на Јупитер…
Posted by Ivana Dervisova on недела, 17 јануари 2016
И други нивни клиенти се залат на услугите на оваа агенција.
-Истото искуство го имав пред неколку години со Јупитер. По осумчасовна голгота не сместија во хотел со 4 ѕвезди. Бидете упорни, ги посоветува една скопјанка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Македонците навалија во Пирин: Станови во Банско се купуваат за 10.000 евра!
-
Страшна сообраќајка: Повредени четворица македонски државјани кај Банско
-
НАСА предупредува: Две недели од 15 до 29 ноември ќе живееме во целосен мрак!


