| четврток, 6 декември 2018 |

Јакупи и Срцев од ДИК тврдат: Изјавата на Чичаковски е негов личен став, а не став на ДИК

Супхи Јакупи член на Државната изборна комисија смета дека изјавата на Чичаковски дека ДИК не е подготвена за избори на 24 април 2016 и дека за прочистување на избирачкиот список се потребни 3 до 4 месеци е негова лична изјава и дека тоа не е став наДИК.

-Јас мислам дека ДИК требаше да има состанок и да ја разгледаме целата состојба, после сегашната политичка состојба и да заземеме став како Државна изборна комисија. Да го проучиме тоа дали, веќе ако ни даваат согласност на методологиите политичките партии и да ги усвоиме, ДИК и затоа има своја надлежност и затоа е поставена, да може навремено да ги зазема сите потребни дејствија за да биде подготвено за избори, вели Јакупи.

Според него ако се вклучат сите институции да помогнат, сите актери кои се обврзани со методологијата да помогнат и да бидат прифатени како овластени претставници избирачкиот список ќе биде прочистен.

-Тогаш ДИК може да биде подготвена и овој документ да биде валиден, да биде спремен за да имаме избори кои се закажани за 24 април, потенцираше Јакупи.

За изјавата на Чичаковски денеска реагираше и Сашо Срцев член на ДИК.

Според него претседателот на ДИК денеска направи огромен преседан и  излезе со личен став претставувајќи го како став на целата изборна комисија.

-Со тоа ја узурпираше целата комисија и постапи спротивно на сите законски норми. Одговорно тврдам комисијата ниту раправала, ниту донела заклучок како што презентираше денеска Чичаковски. Напротив комисијата има извонредна соработка , меѓу институционална со сите институции во државата и сметаме и личен мој став е дека имаме капацитет и можности за да ги спроведеме предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година како што стои и во изборниот законик  бидејќи тој рок е озаконет во изборниот законик, вели тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top