| четврток, 6 декември 2018 |

Бабунски од понеделник нов фудбалер на Црвена Звезда!?

david-babunski-540x320

Црвена Звезда наредните денови ќе добие нови зимски засилувања, како за продолжението од сезоната, така и за напад на пласман во Лигата на шампионите.

Според информациите, македонскиот интернационалец Давид Бабунски, досегашниот член на Барселона Б, во понеделник ќе потпише договор на две и пол години.

Управата на српскиот гигант беше во интензивни преговори со менаџерот на Давид. Ставовите се максимално приближени и се наскоро ќе биде официјализирано на маса.

Предизвик е да се игра на „Маракана“ и покрај понудите од Шпанија (Еибар, Сарагоса), Холандија, Швајцарија и Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top