
Македонија од ноќеска е зафатена од студ и снежни врнежи. Според предвидувањата на синоптичарите, наредниве денови не очекуваат уште пониски температури. Најстудено ќе биде во среда за кога се прогнозира минимална температура од – 21 степен целзиусов.
Инаку, ноќеска на територијата на цела Македонија имаше врнежи од снег со променлив интензитет, освен во Гевгелија каде се уште врнежите од дожд се со умерен интензитет. Поинтензивни врнежи имаше во западните делови и Пелагонија.
Најмногу снег вчера до 19 часот наврнало во Лазарополе 30 сантиметри, во Пожаране – 22cm, во Тополчани – 17cm, во Тетово 13cm, во Битола 12cm, во Ѓуриште 11, во Берово 9 сантиметри, во Прилеп 6, во Крива Паланка и Штип 5, во Виница 4 и во Струмица 3 сантиметри.
За денес времето се очекува да биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час.
Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степена, а дневната нема да се менува односно од -5 до 2 степена.
Во Скопје ќе преовладува слично време. Температурата ќе биде -1 степен, а дневна -2 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


