На Фејсбук формирана група Доживотен затвор за убиецот на Димитар Матилоски.
Семејството, прјателите и неговите роднини кои вечно ќе жалат за мирното момче од Охрид на оваа страна споделуваат свои информации и бараат најстрога казна за немилосрдниот убиец – пишува Охриднет.
– Бојан Угренович !
Ни го уби на свиреп начин синот, братот, другарот.
Димитар Матилоски (26) од Охрид беше студент пред дипломирање на Правниот Факултет. Во родниот град е познат како мирно момче.
Охрид завиен во црно ! Безброј планови за иднината останаа неисполнети.
Не остави вечно да жалиме по момчето кое имаше големо срце за сите а кое прерано не напушти.
Социјалните мрежи, како и форумите под текстовите во медиумите се преполни со коментари, во кои се бара најстрога казна за насилниците- Доживотен затвор за да не го повторат делото, ова се дел од статусите на Фејсбук страницата.
Групата само за неколку дена вброи 570 фанови.
Инаку Димитар Матилоски беше убиен на новогодишната ноќ пред кафулето Табана. На смрт го претепа Бојан Угреновиќ од Краљево, чкој бил познат како проблематичен и агресивен и во својот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Охрид e најзадолжена општина
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија