Еврокомесарот Јоханес Хан е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април. Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список до 24 април и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.
Вакво уверување тој истакна по излегувањето од долгочасовните преговори во Пржино, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги напушти, неприфаќајќи избори на 24 април.
Комесарот Хан рече дека Македонија се наоѓа во многу деликатна состојба и жали што сите партии не постигнале договор за избори на 24 април. Тој смета дека сè уште има можност да се договорат сите спорни прашања и најави дека медијаторот Питер Ванхауте ќе остане во земјава и ќе разговара со партиите.
–Тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави Хан.
Хан потенцира дека во демократија одлучува мнозинството. Уште еднаш потврди дека има услови за избори.
–Во четвртокот има контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ. И двајцата ми потврдија дека доколку сите во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија… можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам поттикнам сите да партиципираат на изборите, рече Хан.
Вчера преку социјалните мрежи еврокомесарот испрати порака до граѓаните дека ќе бидат обезбедени фер и демократски избори.
–Ги уверувам граѓаните, без разлика која ќе биде конечната одлука на политичките партии, дека ќе им обезбедиме целосна поддршка за да гарантираме слободни и фер избори, напиша Хан.
Премиерот Груевски изјави дека Хан ги информирал дека ДИК, ОБСЕ и ОДИХР го известиле дека нема пречки за избори на 24-ти април.
–Комесарот Хан јасно ни кажа дека претседателот на ДИК го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24-ти април 2016. Претседателот на ДИК го известил комесарот Хан. Исто така, комесарот Хан не’ информираше дека ОБСЕ го известиле дека не постојат пречки за одржување на изборите на 24-ти април. Покрај тоа, комесарот Хан ни Кажа дека и ОДИХР исто така го информирале дека нема пречки и дека има време се’ да се подготви за изборите да се одржат на 24-ти април. Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи, затоа што со неговото однесување, не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата, рече Груевски.
И покрај уверувањата од Хан, ДИК, ОБСЕ и ОДИХР, и покрај согласноста на ВМРО-ДПМНЕ; ДУИ и ДПА дека избори треба да има на 24-ти април, Заев ги превзема сите чекори за панично да избега од соочување со народот.
Граѓаните вчера јасно порачаа дека сакаат избори за конечно да заврши кризата која ја наметна опозицијата.
По гаранциите од сите, јасно е дека во Македонија ќе бидат создадени сите услови за изборите да се оддржат на 24-ти април, како што беше наведено во договорот од Пржино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.