Неколку стотици мажи облечени во мини здолништа излегоа на марш низ улиците на Амстердам за да изразат солидарност со жените, кои бие цел на напади од страна на имигранти за време на Новогодишната ноќ во Келн, но и во уште неколку европски градови.
Еден од учесници на маршот носеше трансапрент на кој беше напишано: „Сексуалното насилство не е по вина на жената на која тоа и се случило“.
Организаторите на собирот соопштија дека сакаат да изразат солидарност со жртвите на нападите, бидејќи „многу често вината за сексуалното насилство им се припишува на жените и им се прачува: немојте да носите мини здолништа“.
– Тоа не е решение. Кусите здолништа не се проблем. Затоа ги променивме улогите и ги славиме мини здолништата и слободата што тие ја носат. Ги откривме нашите машки колена во знак на поддршка на слободното општество, наведоа организаторите на маршот на својот профил на Фејсбук.
Натаму во соопштението организаторите нагласуваат дека со собирот сакаат да дадат поддршка за изградба на општества во кои „жените ќе можат и дење и ноќе да одат по улиците во мини здолноште, без некој да ги вознемирува“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)