Наследниците на некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито нема да добијат ништо од имотот кој го побаруваа, одлучил Првиот основен суд во Белград.
„Вечерње новости“ пишуваат дека во дополнителното оставинско решение судот како неосновани ги одбил сите барања на наследниците, а одбиени се и барањата на застапниците на династијата Караѓорѓевиќ и државата да се вклучат во постапката.
Оставинската поделба на имотот на Тито правосилно е завршена уште во 1991 година. Во неа биле поделени 800 парчиња облека, обувки и личните ствари на Тито. Неговата сопруга Јованка во март 2002 година поднела барања за донесување на дополнително оставинско решение, по што во јануари Сојузниот уставен суд го прогласи за неуставен Законот за управување со предмети во општествена сопственост кои се врзани за животот и делото на Тито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.