| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи во аут од Вардар, кам-бек за Милевски

Благоја Милевски се врати на кормилото на Вардар и ќе го предводи актуелниот шампион до јуни 2014 година. Тој неочекувано беше сменет, откако со Вардар ја освои есенската титула, но сега по нецели 100 дена пауза, се враќа како шеф на стручниот штаб на Вардар. По неуспешната авантура сменет е Никола Илиевски-Џиџи, односно официјално тој си поднесе оставка по поразот, завчера од Пелистер од 0-1.

 

„Ќе сториме се Вардар да се врати на патеките на успехот. Сепак мора да бидеме реални и да потенцираме дека сега ќе биде потешко, бидејќи се не зависи од нас. Фудбалерите се истите тие со кои е освоена титулата, и со кои завршивме на првото место по есенскиот дел кога бев сменет. Сигурно не заборавиле да играат фудбал, и се надевам дека брзо ќе се консолидираме, за да се вратиме на врвот и да освоиме нови трофеи. Потребна ни е мобилизација на сите нивоа во Вардар, за да се надеваме на успешен крај на сезоната“, рече Милевски по именувањето во старо-нов тренер на „црвено-црните“. 

 

Вардар веќе в среда, игра против Шкендија во Тетово, во првиот полуфинален дуел од националниот куп. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top