Во движење се запалила локомотивата на патничкиот воз Скопје – Кочани во близина на фабриката за месна индустрија МИК Свети Николе. Во возот имало околу 50 патници, од кои поголемиот број студенти од Штип и Кочани.
Нема повредени патници, а полицијата врши увид на местото каде што е опожарена локомотивата на патничкиот воз, кој се движел по пругата кон Штип.
Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од искра при кочењето, при што била зафатена цистерната полна со нафта.
Патниците навреме се евакуирале од возот. Ванчо Кировски родител на студент од Кочани вели дека патниците имале среќа поради присебноста на машиновозачот, кој навреме ги информирал да излезат од вагонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се запали експресен воз во Германија, евакуирани 500 патници
-
Од Скопје до Солун само со автобус: Укината железничката линија!
-
Шилегов и МЖ промовираат вело-железнички јавен превоз, а Македонија останa без ниеден меѓународен воз
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)