Најмалку 20 лица се убиени, а 15 повредени во напад на исламисти врз ресторан и хотел во главниот град на Буркина Фасо, јавуваат локалните власти.
– Немаме точна бројка на мртви, но има најмалку 20 лица – изјави директорот на болница во Уагадугу Роберт Сангаре.
Во пресметка со исламистите е погоден и еден полицаец, кој се обидел да влезе во хотелот „Сплендид“, каде биле напаѓачите.
Претходно полицијата и очевидци јавија дека безбедносните сили на Буркина Фасо се судриле со исламисти пред хотелот „Сплендид“ во главниот град на земјата.
Одговорност за нападот презема групата „Ал Каеда“ од исламски Магреб.
Францускиот амбасадор во Буркина Фасо Жил Тибо, соопшти дека во главниот град е воведен полициски час, како и дека во амбасадата е формиран кризен штаб за своите граѓани во земјата, која е поранешна француска колонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.