| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Хан информираше дека за ДИК, ОБСЕ и ОДИХР нема пречки за избори на 24-ти април (видео)

przino propadnati pregovori (11)

Комесарот Хан јасно ни кажа дека претседателот на ДИК го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24-ти април 2016. Претседателот на ДИК го известил комесарот Хан, рече премиерот Никола Груевски вечерва, откако лидерот на опозицијата, Зоран Заев ги напушти преговорите во Пржино, не сакајќи да прифати избори на 24 април.

Останатите тројца политички лидери, однсоно Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи биле со став дека изборите можат да се пдржат на 24 април.

Комесарот Хан нѐ информираше дека ОБСЕ го известиле дека не постојат пречки за одржување на изборите на 24-ти април. Покрај тоа, комесарот Хан кажа дека и ОДИХР исто така го информирале дека нема пречки и дека има време сѐ да се подготви за изборите да се одржат на 24-ти април. Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи, затоа што со неговото однесување, не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата.

Фото: Ѓ. Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top